Мала енергетска бомба – јајца од препелица

Препелицата потекнува од Источна Азија, но во последно време се одгледува низ целиот свет. Јајцата од препелица биле неизоставен дел од трпезата на Египетските фараони, а нивната лековитост во Кина и Јапонија е одамна позната. Во поново време, лековитите својства на овие јајца се истражувани од страна на бројни научници од целиот свет. Резултатите покажале дека се извонреден природен лек за лекување на бројни заболувања.
Во споредба со јајцето од кокошка, јајцето од Јапонската Препелица има пет пати повеќе фосфор, седум пати повеќе железо и десет пати повеќе разни витамини. Тоа е мала енергетска бомба, а сепак едно јајце содржи 15 калории.
Содржина на едно јајце:
74,6% вода
13,1% белковини
11,2% масти
1,1% минерали и останати ензими
Минерали
3,2мг железо
2.2мг фосфор
0,5мг калциум


Витамини
300 ИЕ витамин А
0,1мг витамин Б1
0,8мг витамин Б2

Јајцата од препелица позитивно делуваат на крвта и крвотокот, срцето, црниот дроб, бубрезите, желудникот и мозокот. Наменети се за оние кои имаат проблеми со овие органи, па и во случај на најтешки заболувања, а превентивно можат да им бидат од корист на сите. Најпожелни се за следниве групи:
-деца во развој
-возрасни луѓе
-за луѓе кои се на диета
-спортисти и физички работници