Шестгодишната скопјанка Мила Србиновска, членка на  студиото “Брејк а лег” ја освои титулата европски шампион во хип-хоп, на првенството што се одржано во Полска.

Србиновска победи во конкуренција на 27. танчери од континентот и на Македонија и го донесе првиот триумф. Мила е член на студиото “Брејк а лег” од Скопје. Европското првенство беше во организација на Интернационалната танц асоцијација и на Полската танцова федерација, а учествуваа 19 земји. Лани “Брејк а лег” имаше освојувач на второ место.

“Чувството е неописливо кога си ја слушаш македонската победничка химна. Чекавме седум години и дочекавме да бидеме европски шампиони преку Мила Србиновска”, напиша на својот ФБ-профил Трајче Петковски, првиот човек на скопското студио “Брејк а лег”.