Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Брисел пристигнал речиси во исто време кога и претседателот на САД , Доналд Трамп, но сепак двајцата политичари се разминале бидејќи американскиот лидер слетал на воениот дел од аеродромот Завентем, јавува известувачот на порталот Макфакс од Брисел.
Според Макфакс Заев сепак го дочекала еуфоријата околу Трамп, бидејќи веќе од 14 часот бил затворен целиот кварт околу Европската комисија, не функционирале пет метро станици, а додека поминувал Трамп бил затворен и евтопатот од аеродромот до Брисел.
Како што јавува Макфакс Трамп и Заев се разминале и со агендите, бидејќи македонскиот мандатар за премиер околку шест часот попладне ја почнал билатерална средба со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини за еден час подоцна да има заедничка вечера со петте балкански премиери.