Францускиот претседател денеска и утре е во официјална посета на во Белград.

Главна тема се европските интеграции на Србија за што Емануел Макрон ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Најавено е, исто така, дека Макрон ќе одржи говор на Форумот за млади и вештачка интелигенција, така што се смета дека Вештачката интелигенција е една од главните теми.

„Меѓународниот кредибилитет на Србија во областа на вештачката интелигенција беше препознаен преку нејзината успешна кандидатура за претседател на Глобалното партнерство за вештачка интелигенција 2025 година“, изјавија од француската амбасада за РСЕ.

Шефот на делегацијата на Европската Унија во Белград, Емануел Жофре изјави дека е позитивна вест што Макрон доаѓа во Србија, оценувајќи дека тоа е важно за нејзиниот европски пат.