Во рамките на глобалното движење „Ние сме Македонија“, прекин на преговорите за името на татковината побараа и македонските иселеници од Чикаго.

„Името на Македонија не е на продажба“, „Престанете да се ценкате со Македонија“, „Македонската дијаспора обединета за Македонија“ и „Ние сме Македонија, Грција не е“ беа дел од пораките на транспарентите со кои присутните на протестот ги запознаваа минувачите со причината за својот собир.

За денеска во САД е најавен и мирен собир за одбрана на уставното име во организација на Македонско-американска студентска асоцијација (МАСА) во Детроит.

На 3 март, пак, Македонците од САД ќе протестираат и во Вашингтон.