Македонското национално помирување во Париз преку видео врска

Средбата неѓу македонските политички лидери што ја најави известувачот за Македонија во Европарламентот Иво Вајгл преку Алсат М ќе мора да користи современи дигитални видео техники ако на неа навистина учествуваат сите лидери на македонските политички партии.

Освен ако Вајгл нема инсајдерски информации од СЈО или од најголемата парламентарна партија оваа идеја е практично неспроведлива.

Имено, на актуелниот лидер на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски како обвинет од СЈО му е одземен пасошот и тој не може да ја напушти земјата.

Доколку европските или американските претставници при спроведување на идејата за национално помирување побараат СЈО да се откаже од пасошот на Груевски тоа ќе биде знак за сериозно дерогирање на работата на Обвинителството и судството во целина и индиректно признание за политичко влијание во судските институции.

Ако Вајгл, ЕУ и САД не знаат дека во ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат промени на челната позиција па во куќата на Жан Моне во Париз не биде повикан некој друг, последната идеја на странците е многу површна и аматерски сработена.

Засега единствен начин Груевски да учествува на неа е преку скајп или сателитска видео конференциска врска.