Македонското друштво „Илинден“ – Тирана со честитка за празникот Успение на Пресвета Богородица

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Република Албанија и до сите Македонци каде и да се во светот по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица,

– Дозволете ми во мое лично име и во име на друштвото и на македонско национално малцинство во Република Албанија, Вам лично, на вашето свештенство, на сите Македонци каде и да се во светот и на сите православни верници, да ви го честитам големиот Христијански празник Успение на Пресвета Богородица, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. 

Најголемите желби се пред сѐ за добро здравје, душевен мир, семејна среќа и топлина. 

– Празнувањето на овој голем празник значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата. Со силата на светото име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов, благодат, душевен мир, среќа и топлина во нашите семејства. Ваше Блаженство, Ви ги упатаме изразите на нашето највисоко почитување, се наведува во честитката.