Краткото видеото кое се појави на интернет е снимено на некој од македонските патишта, а во него, во главна улога е еден прч односно машка коза.

На видеото прчот мирно и достоинствено лежи на покривот на возило Југо 45 додека неговиот газда оди кон дома или кон некој сточен пазар.

Според авторот на видеото прчот на Југото е снимен во општина Прилеп.

За неколку часа на повеќе социјални мрежи и видео канали, видеото е погледнато илјадници пати.