Македонски државјанин уапсен во Грција за шверц на Сиријци

Македонски државјанин на возраст од 41 година бил уапсен пред три дена во Грција под обвинение дека организирал илегален шверц на мигранти.

Тој бил уапсен од страна на грчката гранична полиција  на меѓународниот автопат кој што ја поврзува Турција со Бугарија во влизина на градот Орменио на грчко – бугарската граница.


Грчките полицајци во комбето со македонски регистерски таблички откриле 5 илегални мигранти со Сириски пасоши. Според информациите на expres.mk Сиријците требало со помош на македонскиот граѓанин да дојдат од Турција во Македонија.

Возачот е предаден на Јавниот обвинител во градот Александрополи откако дал исказ на грчката гранична полиција.