Македонски државјанин на возраст од 42 години завчера е уапсен поради шверц со мигранти по што веднаш бил однесен пред јавен обвинител а се очекува во понеделник да биде изведен на суд.
Уапсен е во близина на градот Александрополи а во претресот на грчката полиција во неговото возило камион се пронајдени 9 илегални мигранти. Шест од нив биле од Бангладеш двајца од Пакистан а еден е државјанин на Авганистан.
Целта на македонскиот државјанин била да ги пренесе до македонско – косовската или македонско – српската граница. При интервенцијата на грчката гранична полиција конфискувано е неговото возило и мобилен телефон.
Минатиот месец во близина на Александрополи грчката полиција уапси уште еден македонски државјанин кој што преку Грција и Бугарија сакал да превезе илегални мигранти Сиријци во Македонија.