Македонски вицепремиер ,,почнува војна” со најсилниот дуопол во Македонија

Македонскиот вицепремиер и министер за транспорт и врски Александар Николовски ,,почнува војна” со два силни монополи во Македонија во телекомуникациите.

Со цел пониски цени за граѓаните Николовски најавува трет оператор во секторот мобилна телефонија, Интернет и кабелска телевизија каде сега пазарот го држат Дојче Телеком и А1 Македонија.

,,Би сакал да објавам дека сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР ❗

📌 Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол.

👉Затоа мора да бараме мерки да ПОЕВТИНАТ услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги.

Затоа потенцијално решение е ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР.

👉Во следниот период ќе мотивираме големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар.

Време е државата да прави за граѓаните.
Исполнуваме”, објавува Николовски кој го користи хаштагот #МакедонијаЗаТебе.