Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн се противниците на фудбалската репрезентација на Македонија во квалификациите за Светското првенствво што ќе се одржи во 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Победникот на групата ќе обезбеди директно учество на мундијалот, а второпласираниот оди во баражот, за кој „црвено-жолтите“ имаат реални шанси и преку Лигата на нациите како пласирани во повисоката дивизија Б.
Против носителот на групата Белгија, осма на листата на ФИФА, Македонија, која е 67., има едно реми (1:1) од првиот меѓусебен дуел во Брисел од квалификациите за ЕП 1996, во кои во реваншот во Скопје загуби со 5:0, а беше поразена и во двата дуела од квалификациите за ЕП 2014 (2:0 дома и 1:0 на гости).
Со Велс, 29. на ФИФА-ранкингот, најдобрите македонски фудбалери се соочија во квалификациите за ЕП 2014, кога дома славеа со 2:1, а во Кардиф загубија со 1:0.
Со Казахстан (110.) ова ќе бидат први меѓусебни пресметки, а со Лихтенштајн (204.) скорот е 7 победи и едно реми.