Македонските студенти во САД на протест во Детроит за името

Македонско-американска студентска асоцијација (МАСА) на 25 февруари од 13 часот по локално време во Детроит ќе организира мирен марш за поддршка на Македонија.

Собирно место е Македонски културен центар во Стерлинг Хајтс, а пораката е „Не за промена на името на Македонија“.

Македонците во САД доцна ноќва по средноевропско време ќе протестираат во Чикаго, а во рамките на глобалното движење „Ние сме Македонија“ за утре во Љубљана имаат закажано демонстрации и македонските иселеници во Словенија.