Ниту една партија на Албанците нема објавено билборд, или друг вид на материјали од предизборната кампања само на Македонски јазик.
За разлика од СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ кои што во обид да дојдат до албанските гласачи објавуваат пропагандни материјали и само на албански јазик, ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците не размислуваат да им се обратат и на Македонците особено не обраќајќи им се само на Македонски јазик.
Да биде случајот комплетен овие партии немаат ниту двојазична кампања.
Слично е и со кадровските решенија.
За разлика од СДСМ која што во неколку општини кандидира Албанци за градоначалници а во советите има стотина кандидати за советници од албанска националност партиите на Албанците имаат само неколку кандидати за советници кои што не се од нивната етничка група но меѓу нив нема Македонци.
Слично е и со ВМРО – ДПМНЕ која што покрај Македонци муслимани кандидираше голем број Роми, Бошњаци, Турци, Власи Срби и други.
Етничката исклучивост може да се забележи и кај знамињата. Додека кај СДСМ на митинзите постојано има албански знамиња кај партиите на Албанците ни за лек нема македонски државни знамиња.