Продолжува трендот што важеше и во предходната влада кога се во прашање жените како врвни раководители, менаџери или директорки.
Според анализата на проектот „Рефлектор“ кој што се занимава со анализа на работничките права, дискриминација по различни основи и други теми од значење за јавноста, во последново именувања на владини функционери има сериозна полова дискриминација.
Анализата покажува дека од 68 именувани директори само 8 се жени што претставува нецели 12 % (11,8 %).
Тоа според квотите кои што важат за застапеноста на жените во партиските пратенички листи со кандидати за членови на собранието но и според процентите во Европската Унија претставува дискриминација на полова основа.
Процентот на застапенот на мажите и жените во македонското население е по околу 50 % што значи дека за да нема полова дискриминација владата во наредните директорски листи ќе треба да именува најмалку 90 % жени и само 10 % мажи на високи раководни позиции.