Македонските евроинтеграции оскатени додека во Брисел се решава за Македонија

Во периодот кога во Европската Комисија се пишуваат последните оценки за процесот на евроинтеграција во Македонија и кога се решава дали земјата ги исполнува условите за уште една препорака за преговори вицепремиерот за евроинтеграции оди на одмор.

Решението со кое  Бујар Османи ќе користи годишен одмор од 25 септември до 13 октомври го потпишал премиерот на владата Зоран Заев кој предходно најави тешка битка за враќање на “чиста препорака” за преговори од ЕК а догодина и датум за преговори за членство.


Одлуката на Османи да оди на одмор по само 4 месеци во вицепремиерската фотеља е спорна и од аспект на мешањето на партиските и државните функции за што во последниве неколку години Брисел оштро ја критикуваше ВМРО –  ДПМНЕ.

Имено, Османи годишниот одмор нема да го користи за себе и за своето семејство туку ќе работи на партиската кампања која што ,каква ли случајност, започна вчера а ќе трае до последниот ден од неговиот одмор.

Османи е еден од ретките македонски политичари што барем признава дека зема одмор од политичката функција за да се посвети само на партиската активност и тоа да не беше критичниот момент за годишниот извештај за Македонија ќе беше за поздравување.

Голем дел од останатите политичари не земаат одмор а сепак тераат кампања, дури и користат државни ресурси за партиски цели.

Вака и формално вториот човек во владата и покрај обидот да се прикаже како чесен и одговорен политичар кој не сака да ги меша државните и партиските функции на граѓаните им испрати порака дека партиските задачи во ДУИ му се поважни од државните цели како еден од најважните членови на владата.