Со просечна плата од 401 евро, земјоделците од Македонија се на последното место во Југоисточна Европа.
Според податоците изнесени на меѓународната конференција во Софија за платите во земјоделството, најбогатите работници во овој сектор од регионот живеат во Словенија, каде што месечно добиваат по 1346 евра.
Зад нив од државите опфатени со истражувањето се нивните колеги од Хрватска со плата од 926 евра, па следуваат тие од Црна Гора со 771 евро, од Босна и Херцеговина со 632 евра, а слични примања на македонските имаат Србите и Бугарите. Земјоделците од Србија заработуваат во просек по 463 евра, а тие од источниот сосед по 419 евра секој месец.