Бруто домашниот производ (БДП) на Македонија во 2023 година достигна 897.694 милиони денари (15,8 милијарди долари/14,6 миијарди евра), што е зголемување за 2,1 проценти во однос на 2022 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Растот покажува забавување во споредба со 2022 година, кога изнесуваше 2,8 отсто.
Најголемо учество на додадената вредност со 18.9 % во структурата на БДП, во 2023 година, имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.
Светска банка предвидува дека македонската економија ќе порасне за 1,8 проценти во 2024 година, а Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) предвидува раст од 2,2% отсто оваа година, според неодамнешните извештаи на кредиторите.