Грчките власти бараат правни аргументи со кои што од властите во Скопје ќе побараат целосно да запрат сите провокации и отворен иредентизам од сите македонски ентитети, кои што според Атина ја спречуваат земјата да влезе во ЕУ и НАТО.
Последна ваква провокација според Атина е објавата на организацијата „Обединети Македонци“ во врска со одбележувањето на Илинден. Во рекламата објавена во канадските медиуми покрај неколку текстови за Македонската историја поставена е и мапа на етничка Македонија која опфаќа и сегашни грчки и бугарски територии што за Грција е отворен иредентизам од кој Македонија мора да се откаже ако сака да продолжи со евроатланските интеграции.
Грчкото министерство за надворешни работи по сугестии на својаа амбасада во Отава бара правна основа и механизми со кои од македонската амбасада во Отава но и од македонскта влада ќе побара да се откаже и да ја осуди објавената реклама во Торонто Стар, еден од највлијателните канадски весници.
Со оглед на тоа што се работи за невладина организација која што нема никаква врска со македонската држава оваа задача е тешка и затоа се бараат докази дека ОМ комуницира со македонски дипломати во Отава, нешто што се случува со децении затоа што оваа е најстарата и најмоќната организација на Македонците во Канада.
Доколу грчките власти испратат официјален демарш до Скопје за рекламата во Торонто Стар тоа ќе значи дека македонската дипломатија ќе треба да воведе „Црна листа“ на организации на Македонци кои што, според Атина, спроведуваат иредентизам против Грција.