Македонка ги предводи промените во угледниот британски „Гардиан“

Македонката Ана Јакимовска ќе ги предводи дигиталните промени во лондонски Guardian. Нашата експертка за овој вид современи трендови во маркетингот е поставена на позицијата директор на производи и ќе ја предводи глобалната стратегија за развој на дигитални производи.Со уредничкиот и тимот за маркетинг, таа ќе ја развива новата понуда на Guardian која ќе опфаќа апликации, дигитални производи и искуства кои ќе ги поврзуваат читателите со содржините и комерцијалните понуди.

 

„Долго време ги читам содржините на Guardian и многу го почитувам интегритетот на уредниците и нивното напредно размислување во однос на дигиталните производи. Многу сум возбудена што ќе му се придружам на тимот и со нетрпение очекувам повеќе иновативни решенија за напредок и промовирање на новинарските текстови на Guardian, претплатата и комерцијалните понуди“, изјавила Јакимовска пишува македонскиот портал иновативност.мк.„Ана има одлично искуство и докажа дека знае да работи во новински организации и да го предводи развојот на нови дигитални производи за корисниците. Одушевени сме што ќе можеме да го искористиме нејзиното искуство, лидерство и визии за да го збогатиме портфолиото на Guardian“, изјавил главниот директор за дигитални технологии во Guardian News & Media, Зек Бренд.

Јакимовска во Guardian News & Mediajoins доаѓа од Sky News, каде што ги менаџираше дигиталните производи. Претходно беше одговорна за предлагање нови производи на сите платформи на BBC Store и менаџер на производство во Channel 4 за дигиталните канали C4 News, Scrapbook, Film4, E4 и 4Now.Guardian постојано има публика од повеќе од 140 милиони луѓе месечно, а апликациите за iOS и Android од април 2015 година досега се симнати речиси 5 милиони пати.