Пејачката Василија Петрова која е Македонка од Ќустендил им одговори на сите што шират омраза за неа на социјалните мрежи.
Василија деновите е актуелна откако бугарски медиуми ја обвинија затоа што јавно се декларира како Македонка.
Веднаш по објавата на бугарските медиуми кои ја нападнаа затоа што кажа како се чувствува Македонија на социјалните мрежи и во Бугарија и во Македонија бугарски активисти започнаа кампања со говор на омраза кон неа.
На сите нив Василија им врати достоинствено, со песна и со пораката дека музиката не е политика.
Видеото со нејзината порака до сите што шират говор на омраза за неа на линкот
https://www.facebook.com/share/v/15zWif8fFr/?mibextid=oFDknk
Песната што ја пее Василија во видеото се вика ,,Со Господ напред ќе победиме” која ја напиша и ја пееше големиот Војо Стојановски.
Текст: Со Господ напред ќе победиме
Започна векот и дваест првиот
можеби земјо и најтешкиот.
Секое време – своја тежина
нашето мина во премрежија.
Тргнале денес туѓи попови
копаат за нас, живи, гробови.
Нашата црква е македонска,
верата наша чиста рисјанска.
Некому била лажна сказната,
но да го стигне, Боже, казната.
Нашата црква е македонска,
верата наша чиста рисјанска.
И знае светот колку вредиме,
со Господ напред ќе победиме.
Слушајте ваму туѓи мантии,
верата нигде нема прангии.
Ај да ве нема, џенем фатете
и ваши слуги да си земете.
До кога со вас ќе се плаќаме,
ни зрно веќе не ви сакаме.
Нашата црква е македонска,
верата наша чиста рисјанска.
Некому била лажна сказната,
но да го стигне, Боже, казната.
Нашата црква е македонска,
верата наша чиста рисјанска.
И знае светот колку вредиме,
со Господ напред ќе победиме.
Со Господ напред ќе победиме!
Јавната декларација како Македонка на Василија која е родена во Ќустендил од темел ги урива тезите на бугарските националисти кои не сакаат да веруваат дека во Бугарија има огромен број Македонци кои се чувствуваат како различни од Бугарите.
Повеќе за Василија
Вознемиреност во Бугарија откако фолк-пејачка од Ќустендил се изјаснила Македонка (ВИДЕО)
Поврзана содржина
Попусто би се менувал уставот, ќе треба да се менуваат и мозочни клетки