Осумнаесеттото место е конечниот пласман на женската ракометна репрезентација на Македонија на 16. Европско првенство во Австрија, Унгарија и Швајцарија, прво со 24 селекции.
Веднаш зад избраничките на селекторот Кристијан Грчевски, кои освоија еден бод на трите одиграни натпревари, завршија Хрватска на 19. место и Турција на 20. место, исто така со по еден бод, како и 21. Србија, 22. Португалија, 23. Украина и 24. Словачка, последните четири без бодови.
Пред „црвено-жолтите“ се пласираа Шпанија на 13. место со 2 бода, Австрија е 14. со 2, Чешка 15. со 2, Исланд 16. со 2 и Фарски Острови 17. со 1.
Во своето седмо учество на еврошампионатите Македонките ремизираа 25:25 со Турчинките и загубија од Шведска со 28:18 и од соорганизаторот Унгарија со 29:19.