Македонскиот јазик и историјата се двете главни пречки за комисијата бугарско – македонската комисија која согласно договорот за пријателство ќе треба да биде формирана, тврдат дел од бугарските експерти.
Посебен проблем е што Македонија нема да може да најде врвни историчари кои што треба да бидат дел од комисијата, сметаат во Софија каде се поставуваат и прашањета за начинот на кој ќе бидат формирани комисиите и дали членовите ќе успеат споровите да ги решаваат на научна а не на политичка основа.
„Не сум голем оптимист како ќе тргне работата на таа комисија, затоа што 26 македонски историчари се потпишаа на декларација против договорот кој што според нив не одговарал на интересите на македонскиот народ. А ние не може да правиме компромис со историјата – таа е таква каква што е”, вели историчарот академик Георги Марков.
Договорот за добрососедство е голем успех на Бугарија смета поранешниот директор на Националниот институт за бугарски јазик во Софија Васил Рајнов.
„Од тука натаму започнуваат прашањата. Оваа комисија беше стара желба на бугарското министерство за надворешни работи за да можат да започнат меѓусебе да разговараат институциите во двете земји. во, тази комисия беше старо мечтание на Външното министерство, за да започнат от другите институции. Тоа беше постигнато во некои области каде што нема чувствителни прашања за решавање или за премолчување. Во однос на јазикот немаше напредок. Таканаречениот македонски јазик е само уште еден дијалект на бугарскиот јазик“, вели бугарскиот лингвист кој што може да биде бугарски претставник во заедничката комисија меѓу Бугарија и Македонија.
За историчарката Искра Баева Софија не треба да има страв од евентуални компромиси затоа што правецот е добар.
„Станува збор за договор по интерпретацијата на постоечките документи. Документите нема како да бидат фалсификувани. Тие се такви какви што се. Проблемот е во нивната интерпретација“, вели Баева за која голем дел од македонската историја особено пред втората светска војна е фалсификат.
И таа е еден од кандидатите за членство во комисијата која што ќе биде формирана согласно договорот.