Швајцарската компанија „Trans Adriatic Pipeline AG“ која што ги координира активностите за изградба на гасоводот ТАП заедно со другите фирми основачи и владата во Баку планира да ја повика Македонија официјално да искаже интерес за приклучување кон енергетскиот проект кој треба да ја намали важноста на руските енергенси во Европа и особено Југоистична Европа.

Ова го пренесува азербејџанската новинска агенција „Тренд„ според која основачите на концернот кој треба да го изгради ТАП разгелдувале можности за приклучување на Македонија согласно правилата на конзорциумот.

Гасоводот TAP е последната фаза од Јужниот гасен коридор (SGC), наменет за транспорт на европските пазари на азербејџанскиот гас, кој ќе се произведува во рамките на втората етапа од развој на гасното наоѓалиште Шах Дениз од шкрилци во Каспиското Море, со потврден резерви од 1.200 милијарди кубни метри гас.

Тој ќе се протега од турско – ­грчката граница преку Грција, Албанија, Јадранското Море до југот на Италија. Договорот за изградба на TAP беше потпишан во Атина на 13­ти февруари 2013 година, од страна на Грција, Албанија и Италија, за гасоводот на кој ќе биде приклучена и Бугарија.

Гасоводот е одобрен од Европската комисија  инвестицијата вредна 4,5 милијарди евра а во неа се вклучени Европската Банка за реконструкција и развој  (ЕБРД) со 1,5 милијарди евра, како и Европската Инвестициска Банка со заем од 2 милијарди евра.