Македонија била дел од темите за кои се расправало на сослушувањето во Комисијата за разузнавање на Сенатот на САД која има задача да утврди дали имало руски обид за местење на изборите во 2016 година.
Републиканскиот сенатор Ком Котон за време на испрашувањето на помошникот на ФБИ Бил Пристап ја споменува Македонија како дел од причините поради кои Хилари Клинтон била поразена и ја обвинува дека со ваквиот став таа ја поддржува руската кампања за влијание во американската политика.
„Од изборниот пораз, Хилари Клинтон за тоа ги обинува Русите, Владимир Путин, ФБИ, лажните вести, Викиликс, Твитер, Фејсбук и мојот личен фаворит – фармите на содржини во Македонија. Со обвинувањата против нив таа всушност станува агент кој ги спроведува руските цели во САД“, вели сенаторот Котон.
Во видеото изјавата на сенаторот Котон чие омилено алиби на Хилари Клинтон се велешките хакери.
https://twitter.com/YoungDems4Trump/status/877694397474680832
Макеонија покрај споменувањето во Сенатот беше дел од писмото кое што претседателот Трамп го упати до Конгресот на САД во кое се продолжуваат мерките кон Западниот Балкан кој што сеуште е закана за националната безбедност на САД.
читај овде за писмото на Трамп