Македонија стана бугарски национален интерес, Захариева не крие што сака Софија

Бугарскиот национален интерес повикува на подобрување на односите со Македонија, вели министерската за надворешни работи Екатерина Захариева која е е оптимист дека договорот за добрососедство ќе биде потпишан на почетокот на август.

Таа смета дека реалната промена во Македонија и пристапот на новата влада во Скопје е причина да се верува дека интензивните преговори кои што траат од 2008 година ќе бидат завршени и ќе се стави параф на договорот.

Според Захариева договорот е само мал чекот а многу поважни се акциите со кои ќе се заштити бугарското историско и културно наследство и воените гробишта во Македонија.

Потпишувањето на договорот е можност која Бугарија мора да ја искористи смета Захариева.