Македонската економија во првите десет месеци од оваа година има остварено трет најбрз раст на извозот меѓу шесте републики од поранешна Југославија, покажува истражувањето на деловниот портал „Бизнис инфо“.
Извозот на Македонија од јануари до октомври порасна за 16 проценти во однос на истиот период минатата година. Подобри од неа о овој поглед се Босна и Херцеговина со 18,2 проценти и Црна Гора со 17 отсто, Србија и Хрватска имаат раст од по 13,5 отсто, а Словенија од 13,2 отсто.
Според вкупниот обем на извозот од 4,1 милијарди евра, пак, Македонија е петта, подобра само од Црна Гора, која од првиот до десеттиот месец оваа година извезла стоки и услуги со вкупна вредност од 305,7 милиони евра. Прва е Словенија со 23,4 милијарди евра, а по неа следуваат Србија со 12,55 милијарди, Хрватска со 11,3 милијарди и БиХ со 4,6 милијарди.