Македонија протерува руски дипломат!

Македонија се солидаризира со 19 земји што денеска решија да протераат руски дипломати како одговор на труењето со нервен агенс на двојниот руски шпион Сергеј Скрипал во британскиот град Солсбери, зад што сметаат дека стои Русија.

„Министерството за надворешни работи објавува дека во тесна консултација со нашите сојузници и партнери од ЕУ и НАТО и во солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, одлучи да протера еден дипломат на Руската Федерација во Република Македонија заради случајот Скрипал, во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година. Користењето на воено хемиско оружје е во спротивност со Меѓународното право и тоа влијае на безбедноста на сите земји“, стои во соопштението на македонското Министерство за надворешни работи.