Победа од 28:26 над Полска за машката ракометна репрезентација на Македонија до 20 години на стартот од разигрувањето за деветтото место на Европското првенство во Словенија.
По фрустрирачкиот неуспех да се пласираат во главната фаза, иако немаат пораз во досегашните четири натпревари во Целје, избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ водеа во текот на целиот натпревар со Полјаците, при крајот и со максимални 27:21.
Калајџиески со 4/4, Митев со 4/5 и Димитар Изинчев со 4/7 беа најуспени во македонскиот напад.
Утре напладне „црвено-жолтите“ ќе играат со Романија, која загуби од Франција со 30:25.