Македонија меѓу „најполициските“ држави во Европа

Со 522 вработени полицајци на 100.000 жители, Македонија е при врвот меѓу европските земји во оваа статистичка категорија, од која, пак, се извлекува заклучокот дека таа е меѓу помалку безбедните држави на стариот континент.

Рекордер е Бугарија со 694 вработени чувари на јавниот ред и мир на 100.000 жители, а зад петици ѝ се Црна Гора со 685 и Србија со 625. Во Хрватска таа бројка е 501, а во Босна и Херцеговина 436.


Најмалку полицајци во Европа вработуваат Финска (132 на 100.000 жители) и Данска (192).