,,Македонија како швајцарско сирење” – Бугарски служби финансираат македонски невладини организации

,,Македонија како швајцарско сирење”. Вака активисти за подобрување на односите меѓу Скопје и Софија ја опишуваат Македонија во контекст на најновата провокација од Бугарија во која со бугарски државни пари финансира проекти во Македонија.

Активистите кои немаат политички туку добрососедски и хумани цели откриваат дека бугарски служби финансираат македонски невладини активисти што може да биде оценето како директно мешање во внатрешните работи на Македонија од страна на Бугарија.

Тие сметаат дека во критичниот момент Бугарија не смее да прави дополнителни тензии меѓу двете држави и народи затоа што државата Македонија никогаш не ги финансирала органациите на Македонците во Бугарија.

Според информациите најновата провокација од Софија е финансирана од страна на службите на Министерството за внатрешни работи во Бугарија.

Проектот кој го спроведува македонска невладина организација иако носи поинаков наслов има за цел да ја продлабочи омразата меѓу Бугарија и Македонија со цел Скопје да биде обвинето за ширење на говор на омраза кон Бугарите, тврдат бугарските активисти од кои дел живеат во Македонија.

Изворите прашуваат дали по парите од бугарското МВР во Македонија и официјално Скопје ќе може да финансира активности на организации на Македонците во Бугарија.