Македонија и Албанија ќе се поврзат преку тунел

При увидот на градежните работи на новиот пат Елбасан – Ќафасан, албанската вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку откри дека Албанија и Македонија ќе бидат поврзани со тунел.

„Додека ние градиме во правец на Северна Македонија, Северна Македонија гради и во правец на Албанија за да се приклучи на точката на мостот Буштрица, која воедно ќе биде и новата гранична точка преку тунел“, изјави таа, додавајќи дека проектот предвидува изградба на два моста долги 200 метри кои ќе бидат поврзани со тунел.

Патот Елбасан – Ќафасан е поделен на 8 делници, од кои на три работите се повеќе напреднати.

„Третата делница од патот Елбасан – Ќафасан од Коридорот 8 е уште едно градилиште на кое е реализиран голем обем на работа и брзо напредува за да се движи напред важен инфраструктурен проект, не само за нашата земја. Иако атмосферските услови се предизвикувачки, во тек се работи за изградба на патот, како и на два моста“, објасни Балуку.