Нашите ракометари водат против селекцијата на Чешка со 13-11 по првото полувреме од мечот од вториот круг во групата 2 на Европското првенство што е реален однос на силите иако можеме и да жалиме, затоа што во неколку наврати имавме и 4 предност, а напаѓавме и за пет разлика. Наш најдобар играч во првите 30 минути е голманот Борко Ристовски кој има седум интервенции, а меѓу стрелците имаме петмина: Талевски, Микуловски, Манасков, Стоилов и замената за Лазаров постариот, Велковски со по два гола.
Во вараждинска Арена водиме од самиот почеток, 6-2 во во 12 минута, 11-7 во 24 минута и 12-8 во 27 минута. Отсуството на Кире Лазаров секако, се чувствува, тој е во составот и реализира еден седмерец, но за сега нема минути на терен. Во истовреме успеавме и да се адаптираме на игра без Кире и воопшто не делуваме лошо иако имавме доста загубени топки и технички грешки, како впрочем и противникот, па за сега разликата ја прави само Борко Ристовски.