Најскапата земја во групата земји во која се членките на Европската Унија, члените на ЕФТА и земјите кандидати за членство е Швајцарија.
Според истражувањето за трошоците за потрошувачката кошница спроведено од агенцијата за статитистика на ЕУ , Еуростат, цените на основниот пакет домашни производи во Македонија е три пати поефтин од тој во Швајцарија.
Податоците велат дека за разлика од Швајарија каде се троши над 160 % од просечната цена на потрошувачката кошничка во ЕУ во Македонија овој процент е околу 46 %.
Во превод тоа значи дека цените во Македонија се за повеќе од половина пониски од просекот во ЕУ.
Од регионот, на последните 6 позиции се двете последни земји кои што влегоа во ЕУ, Романија и Бугарија која е пред нас, како и земјите кандидати , Србија, Албанија и Босна и Херцеговина.
Единствена балканска земја која што е пред земја членка на ЕУ е Црна Гора која што е пред Полска.