Кој го урива договорот со Бугарија, сме биле „два дела од едно цело“

Неколку дена по пријателската посета на македонскиот премиер Заев на Софија и позитивните пораки од бугарската влада започнаа нови провокации кон Македонија.

Откако бугарското ВМРО –  БНД на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Карачанов со транспарент „Добредојде дома“ во Софија го пречека Заев (читај тука за инцидентот) се вклучија и други актери кои што не сакаат смирување на тензиите меѓу двете земји и народи.

Или пак работат на „руската агенда“ против влезот на Македонија во НАТО, која ја анализираат дел од набљудувачите (читај тука за руското влијание во Бугарија и Грција) 

Бугарскиот историчар Пламен Павлов кој има блиски врски со Каракачанов и со професорот Божидар Димитров денеска преку агенцијата Фокус која е носител на антимакедонските активности во источниот сосед се обиде да ја потврди бугарската теза за „еден  народ во две држави“.

Според професорот Павлов Македонија не може да постои без Бугарија и Бугарија не може да постои без Македонија. Според него тоа се два дела од едно цело.

Bulgaria: Professor Plame Pavlov, historian: Macedonia can’t exist without Bulgaria, and Bulgaria can’t exist without Macedonia – they are two part of one whole.

Павлов бара да има посилен дијалог меѓу двете земји и ја обвинува Бугарија за пасивност.

„Македонизмот е ГМО (Генетски модифициран оргаанизам) на историја и култура. Во националниот музеј на Македонија може да видите некои работи но таму е како некој да украл нешто и се обидува да го скрие тоа. Тоа не може да се случи со магично стапче. По долги години антибугарска пропаганда и миење на мозоците кое што продолжува до денес ние мора да бидеме поупорни да имаме повеќе дијалог и присуство. И тоа не во име на бугарскиот национализам или шовинизам туку затоа што дијалогот мора да продолжи“, тврди Павлов кој е свесен дека неговите зборови нема да го поддржат процесот за кој тој вербално се залага.

„Време е да разбереме дека ние сме два дела од едно цело. Без разлика што некои мислат или чувствуваат тоа е вистината“, вели историчарот според кого во Македонија мнозинството граѓани се Бугари а тие луѓе Софија ги смета за сонародници иако имаат право сами да ја одредат својата националност.