Опасноста од ескалација на мигрантската криза и проценката на македонските служби за безбедност дека земјата може да се соочи со нови големи бегалски бранови е причината што вчера македонското собранието ја формализираше одлуката за продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница.

Поради зголемен прилив на мигранти и најавата за нови бегалци Македонија до нова година повторно ќе биде во состојба на криза односно ќе има засилени контроли на границите и пограничните подрачја.

Покрај приливот на мигранти преку Турција и Грција кој што иако е со помал обем но никогаш не запре целосно при што во шверцот учествуваат и македонски граѓани (читај тука), постои опасност и од прилив на бегалците кои што според последните информации ни ги враќа соседна Србија. (читај тука)