Според просечната нето-плата од 379 евра, Македонија се наоѓа на деветтото место одзади меѓу 51 земја во Европа, покажува истражувањето на аналитичкиот центар „Тексти“ од Украина.
Токму во Украина работниците добиваат најмалку пари на рака, само 190 евра месечно, а полоши од Македонија по оваа основа се и Молдавија (216), Азербејџан (232), Ерменија (251), Грузија (293), Белорусија (320), Казахстан (346) и Албанија (347).
Освен Албанија, другите четири соседни земји имаат повисока нето-плата од Македонија: Грција 917 евра, Бугарија 423, Косово 405 и Србија 396. Подобри се и другите држави од опкружувањето: Словенија 1.051 евра, Хрватска 800, Турција 528, Романија 517, Црна Гора 509 и Босна и Херцеговина 439.
Највисока нето-плата во Европа од 5.225 евра се исплаќа во Монако. Следуваат Швајцарија со 4.887, Лихтенштајн со 4.421 итн.