Тауљант Бала, албански министер за односи со односи со Парламентот, ги советува „пријателите“ од Македонија да ги спроведуваат договорите со Европската унија за да мрднат од мртва точка во евроинтеграцијата.
„Ова е прво правило за секоја земја. Мојот предлог до нашите соседи, нашите пријатели, до нашите колеги во Северна Македонија е да продолжиме со спроведувањето на договорите и тука треба да се спроведуваат договорите со ЕУ, а не со Бугарија, што се однесува до уставните прашања. Некогаш меѓународните договори не се добри, но се додека се потпишани треба само да се почитуваат без разлика од која претходна влада се потпишани. Сите се надеваме дека Северна Македонија ќе го продолжи преговарачкиот процес со ЕУ“, одговори Бала на прашањето од делегатот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Јоргос Папандреу, на состанокот на Мониторинг комисијата на ЕУ во Тирана.