Возачите на камиони од брендот Мрецедес од регионот во иднина е го користат Скопје како центар за обука за своите вработени.
Денеска во Скопје беше промовиран симулатор на камион Мерцедес кој е единствен во регионот и кој ќе биде дел од центарот за обука на СИЗ „Македонија сообраќај“ – АМЕРИТ.
Симулаторот на престижната германска компанија Мерцедес кој може да се користи и за возази на други камионски брендови е направен од најнова технологија а опремен е со софистициран софтвер кој дава речиси реален приказ на возење во реална средина.
Уште пред неговото пуштање во употреба компанијата која што го набавила добила резервации за тренинг на возачи од повеќе балкански држави.
Компанијата Мерцедес – Бенз годишно продава по околу 500 илјади камиони што ја прави една од водечките фирми во овој сегмент од глобалната индустрија.