По завршувањето на групната фаза во Лигата на нациите фудбалската репрезентација на Македонија и официјално дозна со кои селекции ќе биде во третиот сад при извлекувањето на 13 декември од 12 часот во седиштето на ФИФА во Цирих, а со тоа и тимовите што ќе ги избегне во квалификациите за Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада.

„Црвено-жолтите“ во групата за мундијалот нема да играат против Шкотска, Словенија, Република Ирска, Албанија, Финска, Грузија, Исланд, Босна и Херцеговина, Северна Ирска, Црна Гора и Израел.

Прв сад: Франција, Шпанија, Англија, Белгија, Португалија, Холандија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска и Австрија.

Втор сад: Украина, Турција, Шведска, Велс, Полска, Србија, Грција, Романија, Словачка, Норвешка и Чешка.

Четврти сад: Бугарија, Луксембург, Белорусија, Ерменија, Косово, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Летонија, Фарски Острови и Литванија.

Петти сад: Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн и Сан Марино.

Квалификациите ќе почнат на 21/22 март 2025 година, а на СП ќе се пласираат освојувачите на 12. групи и четири победници од баражот.