Македонија без потпис на апел до ЕУ против руската пропаганда

Македонија не е меѓу европските земји кои што испратиле писмо до Европската Комисија во која што се предупредува на руска хибридна војна и се бара помош за справување со информативна кампања која што ја наредил рускиот претседател Владимир Путин.

На писмото за кое пишуваат европски медиуми е потпишана и Хрватска а свој потпис ставиле и министрите за надворешни работи на Чешка, Романија, Полска, Летонија, Литванија, Шведска и Велика Британија.


Една од причините зошто Македонија не ставила свој потпис на писмото испратено на 12 октомври до Европската претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини е што ние не сме членки на ЕУ но хрватските медиуми шпекулираат дека може да има и друга причина.

Хрватски медиуми објавуваат дека писмото е координирано од страна на ЕУ и има задача не толку да спречи руска пропагандна активност во членките на унијата туку на Балканот каде што е сместена и Македонија.

Односно, дека целта на писмото е да се покрене нивото на активност на европските механизми кои што што би се вклучиле директно во судирот со руската машинерија на социјалните мрежи и во медиумскиот простор во Македонија и други земји од регионот.

Според Брисел на Балканот земјите немаат свои силни мехнизми за справување со руската хибридна војна.

„Се соочуваме со непречена пропагадна активност од трети земји за ширење на дезинформации и сметаме дека има итна потреба од понатамошно засилување на капацитетите на СтратКом (европски механизам за откривање на лажни информации за ЕУ)“, пишува во писмото кое што го потпишуваат 8 членки на ЕУ но не и Македонија.

Формално, писмото не е поврзано со некакви европски внатрешни правила или протоколи поради што нема правна пречка и Македонија или друга земја кандидат со свој потпис да се пожали на руското пропагандно влијание во земјата.

Expres.mk пред 5 дена објави вест за висок американски функционер во времето на претседателот Обама кој тврди дека Русија во Македонија финансира ткн „Интернет тролови“ кои што вршат пропаганда против ЕУ и САД.