Зоран Радичевски е нашиот сограѓанин што говори 21 јазик.
“Ова е Ваутер Кордјуенер, холандски полиглот кој во Холандија го среќава Зоран. Разговараат на различни теми цели 12 минути.
Разговорот се одвива на 15 јазици. После тоа Зоран продолжува да одговара на прашањата на уште 6 други јазици, кои неговиот соговорник не ги разбира, т.е Холанѓанецов кој „си ја бара бељата“ отворено признава дека не разбира – не ги разбира. 🙂
Или да сумирам. ХОЛАНДИЈА – МАКЕДОНИЈА = 15 : 21.
#Македонецнаденот г. Зоран Радически! . Е ова е мојата Македонија! Не до Тирана, не до Софија – ами паметна, отворена и светска <3 БРАВО!”, пишува поетот Дарко Лешовски денеска на својот фејсбук профил.
Уживајте во видеото дури и ако знаете само 4- 5 јазици