Венецуелски судија овој понеделник (3-ти септември) издаде налог за апсење на поранешниот опозициски претседателски кандидат Едмундо Гонзалес.

Мерката е дел од истрагата за резултатите од спорните избори, објави Асошиејтед прес.

Наредбата е издадена на барање на властите, кои го обвинија поранешниот дипломат Гонзалес за различни злосторства, вклучувајќи заговор, фалсификување и узурпација на власта.

Наредбата доаѓа нешто повеќе од еден месец откако Врховниот суд на Венецуела ја потврди победата на претседателот Николас Мадуро на претседателските избори на 28 јули, и покрај тврдењата на неговите противници дека тој ги загубил изборите.

Властите побараа налог за апсење откако Гонзалес не се појави три пати во обвинителството за да одговори на прашањата на обвинителите кои водеа кривична истрага за случајот со спорните изборни резултати.

Властите во земјата, лојални на владејачката партија, го прогласија Мадуро за победник на изборите на 28 јули, неколку часа по затворањето на гласачките места.