Возачот на Мерцедес ја освои трката за Големата награда на Велика Британија која се возеше на патеката во Силверстон. И покрај победата на Хамилтон, возач на трката е неговиот колега Валтери Ботас, кој стартуваше од деветтата позиција, а на крајот заврши на второто место.

Хамилтон во целта оствари време 1:21:27.430 часа и успеа да собори неколку рекорди. Тој го извозе најбрзиот круг во историјата на британското Гран при, а со четврта во низа и вкупно петта во кариерата во Силверстоун се израмни според бројот на победите на оваа патека со легендарните Џими Кларк и Алан Прост.

Блескаше и неговиот тимски колега Ботас, кој стартуваше како деветти, а на крајот заврши на второто место. Финецот, во последните осум круга успеа да ги мине двајцата возачи на Ферари, Фетел и Раиконен, кои беа пред него. Германецот кој пред оваа трка имаше 20 поени предност во однос на Хамилтон, по Силверстон има само поен повеќе од Британецот.

Покрај Хамилтон, Ботас и Раиконен кој заврши како трет, бодови на ГН на Велика Британија освоија Верастапен, Хулкенберг, Рикардо, Фетел, Окон, Перез и Маса.