Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше извонреден одново и славеше во Остин што го става во ситуација веќе да размислува за новата четварта титула во најбрзиот шампионат на светот. Британецот сега има 331 бод, 66 повеќе од најголемиот конкурент Себастијан Фетел од Ферари, но тоа е веќе завршена работа и титулата нема каде да оди затоа што Германецот нема ни две, а да не зборуваме за три победи по ред сезонава, а потребни му се токму толку, и плус Луис Хамилтон да не биде ниту еднаш пласиран на петтото место.

Покрај Британецот на победничкиот подиум вечерва во Тексас беа возачите на Ферари, Себастијан Фетал и Кими Раиконен. Всушност како трет трката ја заврши Макс Ферстапен, но тој доби казна од пет секунди поради напуштање на патеката, па третото место му припадна на Раиокнен.

До крајот на шампионатот во Формула 1 остануваат уште три трки, а следната е по седум дена во Мексико.