Луис Хамилтон ја искористи пол позицијата за да дојде до нова, сега веќе 8 победа во оваа едиција на Светското првенство во Формула 1. Таа се случи на патеката Сузука, на Јапонското Гранд При, а тоа што е многу важно за Британецот, покрај 25 бодови, е и испаѓањето на најголемиот конкурент Себастијан Фетел кој на патеката мина само неколку круга пред да му ослободи просторот на Хамилтон кој веќе стаса во 306 бодови, 59 повеќе од Германецот. Втор денеска беше Макс Верстапен, трет Даниел Рикиардо, а четврти Валтери Ботас кој му се приближи до Фетел на само 13 бода. До крајот на сезоната има уште 4 трки.