Мечот меѓу Челзи и Ватфорд од Премиер лигата што треба да се игра вечерва (21.00) беше доведен под знак прашање поради пожар од помали размери кој изби во непосредна близина на стадионот Стенфорд Бриџ. По интервенцијата на против пожарните бригади истиот е локализиран, па освен евакуацијата и сирените кои ги исплашија жителите на Лондон, нема да има ни последици, ниту одложување на средбата.