Лондон му порача на Белград да ја обвини Русија!?

Обединетото Кралство преку дипломатски канали испратило порака до српската влада дека Белград треба да го осуди труењето на Сергеј Скрипал.

Овие очекувања, како пишува „Новости“, доаѓаат во време кога меѓу „Запад и Москва пламти дипломатска војна“ поради труењето на поранешниот руски шпион.


На овој начин Србија, по барањето на ЕУ да се приклучи на санкциите против Кремљ, повторно е вовлечена во „глобалното затегнување на јажето меѓу големите сили“, со недвосмислени очекувања јавно да се осуди Москва за злосторството во Солзбери, во што незинта улога воопшто не е расветлена.

Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи на Србија вчера во гостување на една телевизија изјави дека во светот „се води не студена туку ледена војна“ и дека од Србија се очекува дасе изјасни., пренесе Б92.