Лондон и Париз разговараат за нивни војници во Украина како „сини шлемови“

 

 

Велика Британија и Франција разгледуваат сценарија за обезбедување на безбедноста на Украина во случај на мировен договор со Руската Федерација.

Едно од овие сценарија е токму распоредувањето на воен контингент на демаркационата линија за следење на прекинот на огнот.

Ова го пишува украинската редакција на Радио Слобода/Слободна Европа, повикувајќи се на висок функционер на НАТО. Дискусијата за ова сценарио не е на ниво на Алијансата, туку конкретно меѓу Лондон и Париз.

И покрај начинот на коментирање во анонимност, НАТО е запознаен со оваа тема.

Лондон и Париз подготвуваат опции за акција во случај новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да побара од европските земји да дејствуваат и да интервенираат во потврдувањето на мировниот договор*.

Немерите на двете страни се да имаат готови опции кога темата ќе ја покрене Доналд Трамп.

Развојот на конкретни предлози и опции за поддршка е неопходен и за да се обезбеди учество на сојузниците од Европа во мировните преговори меѓу Украина и Русија со посредство на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, вели соговорникот на РСЕ.

Инаку*„Сини шлемови“ е колоквијално име за Мировните сили на Обединетите нации или Меѓународните мировни сили на ОН. Вооружените операции на Обединетите нации бараат одлука на Советот за безбедност на Обединетите нации во согласност со Поглавјето VII од „Повелбата на Обединетите нации“.