Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Секторот за граѓански работи, односно сите дирекции за управни работи на оваа организациона единица при Министерството за внатрешни работи, ќе работат и на денот на претседателските избори.
Лични документи ќе може да се подигаат во периодот од 08 до 19 часот.
Исто така, скопјани личните карти ќе можат да ги подигнат во полициските станици во Скопје.